Музика и танц - категорија

дајре повеќе

мн. дајриња
Вид збор: Именка, среден род
Ориентален музички инструмент во облик на обрач со затегната кожа од едната страна и со тркалезни метални плочки што ѕвечкаат при удирање.
Англиски: tambourine Турски: daire

дајреџија повеќе

мн. дајреџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што тропа на дајре.

дансинг повеќе

мн. дансинзи
Вид збор: Именка, машки род
Локал во кој посетителите можат да се забавуваат со танцување.
Англиски: dancing

дарбука повеќе

мн. дарбуки
Вид збор: Именка, женски род
Арапски музички ударен инструмент од печена глина во вид на широко грне со оптегната кожа на отворот.
Турски: darbuka

двогласен повеќе

двогласниот
Вид збор: Придавка
Што е во два гласа.

двојанка повеќе

мн. двојанки
Вид збор: Именка, женски род
Вид кавал, со две цевки.
Албански: kavall me dy tyta

двотактен повеќе

двотактниот
Вид збор: Придавка
Што се состои од два такта.

делница повеќе

мн. делници
Вид збор: Именка, женски род
Дел од музичко дело.
Англиски: section Албански: seksion

диез повеќе

мн. диези
Вид збор: Именка, машки род
Знак во музиката (♯) за повишен полутон од назначениот.
Англиски: sharp

дијапазон повеќе

мн. дијапазони
Вид збор: Именка, машки род
Опсег, обем од најнискиот до највисокиот тон на некој инструмент или на некој глас.
Англиски: vocal range Албански: varg
Звучна виљушка со два крака што дава тон.
Англиски: tuning fork Албански: diapazon

дијатоника повеќе

(едн.) дијатониката
Вид збор: Именка, женски род
Тонски состав (дур, мол) од седум степени во една октава.

дипла повеќе

мн. дипли
Вид збор: Именка, женски род
гајдата (без писката)
Албански: gajdë pa pipsë

диригент повеќе

мн. диригенти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што диригира при изведување музичко дело.
Англиски: conductor

диригира повеќе

диригираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Управува со хор или оркестар при изведување на музичко дело.
Англиски: conduct Албански: dirigjoj

дисонанција повеќе

мн. дисонанции
Вид збор: Именка, женски род
Неусогласување на тоновите, погрешен акорд.
Англиски: dissonance Албански: disonancë

длабок повеќе

длабоки
Вид збор: Придавка
низок тон
Англиски: deep Албански: i thellë

до повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Музичка нота.

досвири повеќе

Види и: свири (несв.)
досвират
Вид збор: Глагол, свршен
Свири, исвири до крај, престане да свири.

дрдало повеќе

мн. дрдала
Вид збор: Именка, среден род
Дел од гајда; бучало.
Албански: pjesë gajde

дрнда повеќе

дрндаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лошо свири на некој жичен инструмент.
Албански: llomotitë

дувало повеќе

мн. дувала
Вид збор: Именка, среден род
Цевка низ која се дува и се полни со воздух гајдата.
Англиски: blowpipe Албански: pipëz

дувач повеќе

мн. дувачи
Вид збор: Именка, машки род
Свирач на некој дувачки инструмент.
Англиски: wind player Албански: frys

дудук повеќе

мн. дудуци
Вид збор: Именка, машки род
Народен музички дувачки инструмент.
Англиски: flute Турски: düdük Албански: fyell, duduk

дуеница повеќе

мн. дуеници
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена шупелка со два отвора.

дует повеќе

мн. дуети
Вид збор: Именка, машки род
Музичка композиција напишана за два гласа (обично машки и женски) или за два инструмента.
Англиски: duet Албански: duet
Вокална или инструментална група составена од два члена.
Англиски: duet Албански: duet

дулец повеќе

мн. дулци
Вид збор: Именка, машки род
Цевка на гајда во која се дува.
Албански: tube e gajdës

дур повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Еден од тонските родови.
Англиски: major key
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш